Според првичните информации од СВР Охрид, возило марка „ауди“ со охридски регистарски таблички излетало од коловозот на магистралниот пат Охрид – Скопје кај Подмолје, при што животот го загубил возачот Горан А.(23). Во автомобилот немало други патници.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Охрид и истажен судија. Се очекува СВР Охрид во текот на денот да соопшти детали за фаталната сообраќајна несреќа.