На патниот правец Кичево-Охрид, во село Ботун утрото на 3 август се случила сообраќајна незгода во која Александар Трајковски (1983) од кумановското село Биљановце добил тешки телесни повреди, а потоа починал во болницата Св. Еразмо во Охрид.
Трајковски, кој управувал џип „Гранд Чироки“ со германски регистерски таблички, поради неприлагодена брзина кон условите и состојбата на патот, изгубил контрола на управување, при што со возилото излетал надвор од коловозот и се превртел. Тешко е повреден и неговиот сопатник И.Т. (1982) од Куманово.
Тој е пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ и е во животна опасност. Увид на место извршиле истражен судија, заменик јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид.
ohridnews