Едно лице загина, а уште две се повредени во вооружениот грабеж на возило на Комерцијална банка кое превезувало пари. Инцидентот, како што јави МИА, се случил во близина на Скопски саем каде возилото било нападнато и ограбено.

Маскираните напаѓачи најпрвин му го попречиле патот на возилото на Комерцијална банка по што веднаш почнале да пукаат кон А.М. (29), В.С. и М.Б. (33), кои се наоѓале во него.

При престрелката сите тројца се здобиле со повреди по што биле пренесени во Градската болница во Скопје каде М.Б. им подлегнал на повредите.

Полицијата трага по разбојниците.

ohridnews