Утрово, во 05 часот и 45 минути, на магистралниот пат Подмолје-Струга, на крстосницата кај селото Мислешево, се случила сообраќајна незгода, во која едно лице го загуби животот, а пет лица се здобиле со телесни повредени.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, сообраќајната незгода се случила помеѓу автобус со охридски регистарски ознаки и патнички автомобил „Шери“ со струшки регистарски ознаки, управуван од сега починатиот.

На местото на сообраќајнате незгода, увид изврши надлежен Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица Струга.

Се преземаат мерки за идентификација на сега починатиот.

OhridNews