Едно лице загинало, а неколку се ранети во вооружените инциденти за време на парламентарните избори, соопштија партиски извори. Информацијата попладнево ја потврди и МВР. Во градската болница во Скопје се примени шестмина ранети, а едно 23-годишно момче се бори за живот.
Инцидентот како што јавија националните електронски медиуми се случил во Арачиново околу 8:30 часот. Од безбедносни причини гласањето во Арачиново е прекинато во сите 8 избирачки места.Полицијата ги затвори пристапите до селото каде не се пропуштаат ниту новинарските екипи.
ohridnews