Едно лице го загуби животот, а уште пет се повредени, меѓу кои три деца во тешката сообраќајна несреќа што се случи на 12 јуни околу пладне  на магистралниот пат Охрид-Скопје кај бензинската пумпа „Петрол“.

Во судирот помеѓу Хјунадаи со скопски регистарски таблички и Застава 101 со охридски регистарски таблички,  животот го загуби возачот на заставата, 40 годишниот Веап Османи од струшкото село Г. Татеши.  Неговиот син Шпатим  кој се здобил со тешки повреди на главата се  бори за бори за живот во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо каде е опериран,  а со повреди се здобиле и другиот син и неговата  ќерка која има фрактура на левата подлактица.


страотен судир кај „Петрол“

Хоспитализиран е и возачот на хјундаито, кој минал со полесни повреди, но бил во шок, како и еден работник кој го бојадисувал влезот на бензинската пумпа Петрол.


заставата беше уништена

Вистинската драма се случуваше со возачот  на заставата кој беше приклешптен од ударот. Тој беше извлечен дури по  интервенција на противпожарната екипа од Охрид која пресече дел од волилото за да го извади возачот кој со итната помош беше пренесен во Коснозглобна. Подоцна тој им подлегнал на повредите.

До несреќата според очевидци дошло кога од засега непознати причини патничко возило Хјундаи со скопсли регистарски таблички кое се движело кон Охрид преминало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со возило Застава 101 со охридски регистарски таблички.


пожарникарите мораа да сечат дел од заставата…


…за да го извлечат возачот

Во несреќата посериозно е повредено уште едно лице кое во моментот на судирот работело на обележување на влезот на бензинската пумпа „Петрол“. Во него по судитот удрило возилото застава кое се дигнало од земја околу еден метар и го зафатило работникот. Ќе боло полошо доколку неговиот колега кој забележал што се случува не го повлекол малку, па така Зоран Д. за среќа минал само со три скршени ребра и повреда на вратот.


сообраќајот повеќе од 2 часа беше во прекин

Вработените на бензинската пумпа и очевидци  беа потресени од страотната глетка. Дел од нив реагираа на бавното пристигнување на лекраските екипи, бидејќи едно  возило на брза помош од Струга наместо кај бензинската пумпа „Петрол“ се упатило кај б.п. „Диме Петрол“.

Поради  несреќата сообраќајот на патниот правец од клучката до Подмоље беше во прекин, а возилата беа пренасочувани по стариот пат за Струга.

На лице место увид извршија полиција, истражен судија и заменик јавен обвинител. Истрагата е во тек.

Г. Момироски