Едно лице е убиено, а едно повредено при оружен грабеж на комбе на Македонија пат што превезувало пари кај наплатната рампа Петровец на автопатот Велес-Скопје, јавува „Макфакс“.
Од Македонија пат потврдија дека комбето е нивно и оти нивни вработени го превезувале прометот од наплатните станици во банка.
Ранетиот возач го возел комбето кон полициската станица во скопската населба Автокоманда и сопрел во близина на експозитурата на Стопанска банка во Трговскиот центар.
Според непотврдени информации возачот не застанал при оружениот напад и се претпоставува дека парите од комбето не се ограбени. Комбето има искршени стакла и траги од куршуми.
Полицијата врши увид на местото, а повреденото лице е префрлено во болница.
извор: „Макфакс“