Рано утрово, на локалната железничка станица во Минхен, полицијата уапси човек кој повредил петмина, од кои едно лице сериозно, за кое дел од медиумите информираат дека починало по нападот. Сведоци на настанот велат дека го слушнале човекот кој нападнал дека извикувал „Алаху Акбар“, што на арапски значи „Господ е голем“, но полицијата и обвинителството сѐ уште не излегле со официјален извештај.

Портпаролот на државната полиција во Минхен изјавил дека не може да ги потврди гласините за исламистичка позадина на нападот. Напаѓачот е млад германски државјанин без криминално досие. Тој почнал да ги напаѓа минувачите на станицата во Графинг, источниот дел на Минхен, околу 5 часот утрово. Хеликоптер и неколку амбулантни возила се на местото на настанот кои им помагале на ранетите и ги пренеле во болница.

Еден пожарникар рекол дека напаѓачот избодел еден разнесувач на весници во грбот.

Полицијата ја затвори станицата додека трае истрагата, а некои возови доцнат.

OhridNews
извор Макфакс