Едно лице е убиено, а уште четири се повредени во оружен инцидент што вечерва се случи во угостителски објект во Тетово. Лицата се на возраст од 20 – 25 години, сите припадници на албанската етничка заедница.
Неофицијално, до инцидентот дошло поради расправија за девојка, која продолжила надвор од објектот, при што едно лице отворило оган од пиштол и застрелало пет лица. Две лица биле потешко повредени и пренесени на скопските клиники, каде едното им подлегнало на повредите.
Во тек е увид на местото на настанот.
OhridNews