Околу 05.40 часот, вчера, на магистралниот пат од с.Подмоље кон Охрид во близина на бензинската пумпа „Петрол“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 33-годишно лице од Струга, патничко моторно возило„фолксваген“ со охридски регистарски ознаки управувано од 54-годишен охриѓанец и патничко моторно возило „рено-лагуна“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишен жител на с.Оровник, охридско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на аудито, додека со повреди се здобиле возачите на другите две возила и сопатникот во патничко моторно возило „рено-лагуна“ (22) од с.Лескоец, охридско.

Сите учесници во незгодата се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ и во Општа болница Охрид, за укажување на лекарска помош. За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews