Во тепачка што се случила во ноќниот клуб “Лапидариус” во Охрид, околу 00 часот и 30 минути во неделата, со нож тешко бил повреден охриѓанецот Л.Ѓ, роден 1988 година, при што итно бил пренесен во хируршкото одделение при Општата болница.
  
Од Секторот за внатрешни работи – Охрид информираат дека во тепачката, на која и претходела меѓусебна вербална расправија, покрај тешко повреденото лице,учествувале уште три други лица: Д. С.  роден 1986 година, А. Л. роден 1990 година  и  Б.Д. роден 1989 година, сите од Охрид. Тие биле  приведени  во полициската станица по што Д.С.  и Б.Д. биле лишени од слобода. При извршено  алкотестирање кај лицето А.Л.  биле  утврдени  1,4 промили алкохол во крвта. Против нив, СВР -Охрид поднел кривична пријава за сторено кривично дело  „Нанесување тешка телесна повреда и учество во тепачка“.
 
Од страна на дежурен истражен судија при Основниот суд во Охрид, на лицето Д. С. му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена по што бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Охрид.

извор СВР Охрид