Едно лице тешко е повредено, а две се полесно повредени, во сообраќајната несреќа што синоќа пет минути по полноќ се случи на магистралниот пат Охрид-Св. Наум, кај Рача.


Југо излета од патот кај Рача

Според СВР Охрид, „југо“ со охридски регистарски таблички излетало од патот при што со тешки телесни повреди се здобило лицето Х.К.(1993г). Тој веднаш бил пренесен во општата болница во Охрид, од каде е префрлен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Со полесни телесни повреди минале двајцата негови сопaтници кои се задржани на лекување во општата болница.

Според полицијата причина за  несреќата е неприлагодена брзина кон условите на патот. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид, како и истражен судија.

Ohridnews