Едно лице е тешко повредено откако во љубовната расправија што се случила во хотелот „Монтенегро“ во Струга паднало од третиот кат на хотелот.
Според СВР Охрид Б.К. (36), од Косово во хотелската соба имал жестока љубовна расправија со партнерката, инаку државјанка на Албанија. Во расправијата од засега непознати причини Б.К. изгубил размотежа и паднал од третиот кат од хотелот. Повредениот веднаш бил пренесен во струшката болница од каде итно е упатен во Ургентниот центар во Скопје. Како што соопшти полицијата анализите на крв покажале дека повредениот бил под дејство на алкохол.
ohridnews