Ноќеска, 20 минути по полноќ, 00.20 на магистралниот пат Охрид – село Подмоље, патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишен скопјанец, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Вчера, пак, во 15.35 чачасот по случена сообраќајна несреќа на улицата „Кленоец“ во Охрид, приведен бил 46-годишен охриѓанец.
Тој, бил агресивен кон полициски службеници кои вршеле увид по случена сообраќајна незгода и се обидел да делува врз патничкиот автомобил кој бил учесник во незгодата. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот Димоски.
Г.М.