Минутата одмор на тајмаут во ракометот може да промени многу нешта на теренот. Така беше и на тајмаутот на Вардар на мечот со Монпеље во Лигата на Шампиони кој тренерот Раул Гонзалес го водеше на македонски јазик. После советите на Шпанецот на македонски „црвено црните“ покажаа импресивна игра која им обезбеди триумф 30-25 над разиграните ракометари на Монпеље.
Ohridnews