Тетовската полиција денес приведе еден осомничен за вооружениот инцидент што се случи вчеравечер, додека по друго лице интензивно се трага. „Имаме обезбедено еден осомничен, додека по друг се трага“,изјави  за Макфакс портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во тешкиот инцидент, што се случи во тетовско кафуле, смртно настрада едно лице, шест беа ранети со огнено оружје, додека четири се здобија со друг вид повреди.

Според првични неофицијални информации, осомничените и застралното лице имале претходно расправија. Во петокот вечерта, застреланиот седел на маса со уште неколку лица во кафулето, кога влегле осомничените. Откако го забележале веднаш почнала вербална расправа и се обиделе да го изнесат надвор од локалот, по што дошло до метежот.

OhridNews

извор Макфакс