Еден припадник на полициската единица Алфи е убиен, а двајца се ранети, во вооружениот инцидент што денеска се случи во Скопје. Инцидентот се случил во близина на Природно математичкиот факултет во Скопје во 12:30 часот, кога засега непознати лица од возило во движење пукале врз полицајците.
Двајца од застреланите полицајци биле пренесени во Ургентниот центар, а потоа и на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, каде што едниот им подлегнал на повредите. Другиот повреден припадник на Алфите е хоспитализиран во Градската болница.
МВР најави прес-конференција на која ќе бидат соопштени официјални информации за инцидентот.