Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа што се случи вечерва на регионалниот пат Охрид – Ресен кај селото Опеница, информира СВР Охрид.
Во незгодата во која според неофицијални информации учествувале автомобил и товарно возило, предизвикана е материјална штета.
На местото на настанот увид изврши сообраќајната полиција, која работи на утврдување на причинте за несреќата.
OhridNews