Велосипедист е повреден во сообраќајната незгода во која учествувало и возило, што вчера попладне се случила на регионалниот пат Охрид – Св. Стефан, во близина на населбата Рача. Повредите на велосипедистот не биле животозагрозувачки и тој по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување, информира полицијата.

Поради незгодата сообраќајот на овој патен правец извесен период се одвиваше со пренасочување.

На местото на настанот извршен е увид од страна на сообраќакајната полиција, која работи на утврдување на околностите кои довеле до незгодата.

OhridNews