Еден полицаец загина, а двајца се тешко повредени во вооружениот инцидент што денеска околу 13 ч. се случи во кај с. Танувеци во близина на границата кон Косово.

Според првичните неофицијални информации врз полицајците кои биле во редовна патрола пукала непозната вооружена група која најверојатно во Македонија влегла од Косово.

Ранетите полицајци со хеликоптер на МВР веднаш биле префрлени во Ургентниот центар во Скопје, но на пат кон болница еден од нив им подлегнал на повредите. Другите двајца според првичните информации на лекарите се тешко ранети.

Г.М.