Скопски Торус е осмиот патник на фајнлејт куп турнирот.

Скопјани до пласман во завршницата на турнирот обезбедија откако по две продолженија од по 5 минути го совладаа Овче поле. Крајниот резултатот беше 101-90 и за еден поен Торус обезбеди пласман меѓу осумте екипи кои ќе се борат за Куп титулата сезонава.

Претходно пласман во завршницата обезбедија, Амак СП, Фени Индустри, Работнички, Пелистер, МЗТ Скопје, Вардар 2000 како и второлигашот Вардар Осигурување.

>> Прва мак – баскет лига 16 коло

Куп завршницата во план е да се одигра на почетокот на март, додека домаќинот ќе биде дополнително одреден.

ohridnews