Во последните 24 часа, регистрирани се 5 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.531 тестирање, пријавено е едно починато лице и 86 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.
Починато е едно лице од Виница (76) во болнички услови.
Од петте новозаразени, од Скопје се 2, Велес, Кавадарци и Берово – по 1.
Од 86-те оздравени пациенти, од Скопје се 31, Куманово и Прилеп – по 12, Тетово – 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 3, Крива Паланка, Демир Хисар и Кратово – по 2, Велес, Кичево и Виница – по 1.
Во моментов во Охрид има 11 активни случаи.
OhridNews