Пациент од Охрид на возраст од 54 години починал во болнички услови како последица од Ковид 19, информира Министерството за здравство. Во болнички услови починала и пациентка на 51- година од Радовиш, која е втора жртва на опасниот коронавирус изминатото деноноќие.

Во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на Ковид 19, од кои 3 во Охрид, 5 во Струга, 17 во Скопје, 13 во Куманово, 11 во Прилеп, 10 во Тетово…

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 56 оздравени пациенити, еден од Охрид и тројца од Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 165.892 тестирања на Ковид 19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15791, бројката на оздравени пациенти е 13184, на починати е 648, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1959.

OhridNews