Еден планинар загина а стотина се сметаат за исчезнати во силното невреме проследено со обилни врнежи од снег  во северниот дел на Хималаите.

Врската со планинарите од Русија, Австралија и Германија и со нивната придружба од Индија не е воспоставена од петокот. „Изгубивме контакт со повеќе од 100 планинари, водичи и нивната придружба од Индија и странство“ рекол локалниот чиновник во северната индиска држава Утарканд. 


најмалку еден загинат во големото невреме на Хималаите

Во последните 36 часа таму паѓа силен снег, а метеоролозите ни за викендов немаат оптимистичка прогноза. Локалните власти побарале од министерството за одбрана да испрати хеликоптери кои ќе помогнат во потрагата.

Планинарите своето искачување го започнале на 18-ти септември а доаѓањето на целта било предвидено за 5-ти октомври …

Ј.М.