Американскиот фотограф на диви животни Дејвид Шулц (53) добил вистински десерт снимајќи ги Кралските пингвини на Антарктикот. Ја оставил својата камера и се оддалечил. Пингвините сами се наместиле за “семејна“ фотографија додека друг стоел на местото од фотографот. Изгледа како навистина да се сликаат.


 Дејвид за тоа време ги снимал со друга камера. Фотографот и неговата екипа секој ден пешачеле два километри од кампот до колонијата на Кралските пингвини. Љубопитните пингвини се собираат околу него и ги поттикнуваат и помладите да се приближат и погледнат.
-Пингвините беа неверојатно љубопитни, смешни и фотогенични. Им бевме подеднакво интересни како и тие нам – изјавил Дејвид.