Средниот бек Мартин Манасков се најде на поширокиот список кој селекторот Данило Брестовац го објави денеска за Европското првенство кое ќе се одигра следниот месец во Австрија, Шведска и Норвешка.

Манасков на охриѓани им се придружи заедно со новиот тренер Раде Стојановиќ пред почетокот на оваа сезона и со останатите охридски ракометари бележат фантастични резултати во Супер лигата. „Гладијаторите“ на рунда до крајот на првата етапа од Супер лигата се наоѓаа на втората позиција на табелата со сигурен пласман во плејофот.

Поширокиот список на селекторот помина без посериозни измени. Македонската селекција на ЕП ќе ја предводат Кирил Лазаров, Борко Ристовски и останатите ракометари кои години наназад го носат товарот.

На континенталниот собир Македонија е во група заедно со Австрија, Чешка и Украина, а првиот натпревар се игра на 10 јануари против Украина. Мечевите од првата фаза „црвени жолтите“ ќе ги играат во Виена.

OhridNews