Министерството донесе и едно решение за службеник во полициска станица при СВР Охрид, со кое се запира постапката покрената против него, бидејќи е констатирано дека нема повреда на член од Колективниот договор.
Инаку во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, МВР донесесе 16 решенија против 16 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.