Иако на прв поглед изгледа како некое место од друга планета или од цртаните филмови, овој неверојатен гејзир навистина постои на Земјата. Гејзирот „Fly“ се наоѓа во Невада, но не е достапен за јавноста. Интересно е тоа што се наоѓа на приватен имот, а сопственикот не сака да го продаде иако има бројни понуди. Сепак иако не е овозможен приод, гејзирот може да се погледне од далеку.
Тоа што го чини уште поинтересен е тоа што настанал од човечка рака. Се започнало во 1916 година гога земјоделците одлучиле на сред пустина да направат услови за одгледување земјоделски култури. За време на потрагата по вода налетале на бунар со силен млаз на топла термална вода. Од изворот течела вода се до шеесеттие години, кога направиле нов отвор. На површината на новиот гејзир се таложат слоеви кал на кои се наоѓаат разнобојни организми кои придонесуваат за оваа спектакуларна глетка.