Производителот на луксузен мебел Савоир го произвел веројатно еден од најскапите и најлуксузни кревети на светот и го нарекол „Royal State Bed“, име кое одговара на неговиот квалитет, но и на цената од 175 илјади долари. Директорот на компанијата, Алистер Хјуз тврди дека нивниот кревет вреди за секој вложен цент. За да се произведе биле потребни 700 часа работа. Во неговата изработка била вградена неверојатна количина вештина.

Секој од креветите рачно го изработувал еден работник и дизајниран бил за во потполност да одговара на секој поединечен клиент. Леглото и кутијата на креветот биле полнети со монголски кашмир, волна и опашки од коњи од Јужна Америка. Хјуз објаснил дека луѓето на креветот се чувствуваат како да лебдат на облак. Секој од нив бил дизајниран така што совршено одговарал на тежината и фигурата на клиентот кој го нарачал, како би му понудил совршена удобност. Ќе бидат направени само 60 вакви кревети за клиенти ширум светот, а од компанијата тврдат дека веќе ја имаат првата нарачка.