Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на Ковид-19, од кои 1 во Охрид.
Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенит, еден во Охрид.
Досега во земјата се направени вкупно 164.639 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15694, бројката на оздравени пациенти е 13128, на починати е 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1920.
OhridNews