По вчерашниот ден кога беа регистрирани 14 случаи, денеска во Охрид има само 1 нов случај на Ковид 19. Вкупно во земјата во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид 19, од кои најмногу во Скопје 24, по што следи Струга со 9.

Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: кои 4 во Охрид.

Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15293, бројката на оздравени пациенти е 12754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905.

OhridNews