Синоќа, пред финалниот натпревар помеѓу Еурофарм Пелистер – Вардар на турнирот во Струга, еден од групата подржувачи на битолскиот состав е приведен поради спречување и напад врз службено лица при вршење работи на безбедност.
Приведениот прво нападнал поддржувач од Струга, а потоа и полициски службеник кој презел мерки за спречување на нападот, – информираат од СВР Охрид.
Против лицето од Битола ќе биде поднесена соодветна пријава.
Навивачите од Битола надвор од трибините го бодреа составот на Еурофарм Пелистер кој со 26-23 го совлада Вардар и ја освои титула на струшкиот турнир.
OhridNews