Судот во Дубаи прогласил двајца британски државјани за виновни за бакнување на јавно место, и им одредил казна затвор во траење од еден месец. Ајман Наџафи, советник за маркетинг кој живее и работи во Дубаи, и неговата девојка Шарлота Адамс, која му дошла во посета од Лондон, се обвинети дека се бакнувале за време на вечерата со пријателите во еден ресторан.
По отслужувањето на казната тие ќе бидат депортирани, објавиле властите во Обдинетите Арапски Емирати, каде сексот надвор од бракот, прељубата и хомосексуалното однесување се забранети. Младиот пар не е првиот кој се нашол на удар на строгите закони во оваа конзервативна држава. Минатата година слична судбина доживеале и други двајца британци, кои биле осудени на три месеци затвор поради водење љубов на плажа.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com