Џејмс Џејблон од Флорида најавил дека наредните два месеци ќе ги мине во заграден простор со два африкански лава. Тој во својата изјава рекол дека ќе успее во овoј подвиг и дека ќе собере доволно пари за својот центар за спасување на диви животни. Тој ќе спие на пласт сено со лавицата Ли и лавот Ед и ќе јаде кога ќе јадат и тие.
Има намера да изгради место за одмор на дрвото во заградениот простор, за да има каде да спие и да се засолни во случај лавовите да станат агресивни. Неговата необична авантура ќе трае до 31 јануари и ќе може да се следи директно преку интернет. Во неговиот центар, оддалечен 65 километри од Тампа, живеат околу 100 животни. Во почетокот центарот бил наменет само за животни кои живеат во таа област, но подоцна станал и дестинација за егзотични животни кои биле без живеалиште.