Двајца 20-годишни Шпанци се наоѓаат еден месец во притвор поради кражба на неколку пици од својот врсник кој ги разнесувал.
Истражниот судија ги обвинил за „насилен грабеж“ и ги задржал во притвор без можност за плаќање кауција, бидејќи „постои опасност од бегство и уништување на докази“.
Според реконструкцијата на настанот, притворениците со уште неколку свои врсници го опколиле момчето кое работело како разнесувач на пици и од него побарале да им ги предаде пиците. Кога тој се обидел да им избега тие го собориле на земја и му ги зеле пиците.
Адвокатот на одбраната се пожалил дека судијата за нив има исти третман како за разбојници кои ограбиле банка со закана со огнено оружје.