Стрелачкиот клуб Охрид имаше солиден настап на Меѓународниот турнир кој се одржа во Пирин, Бугарија од 1-ви до 4-ти ноември. На турнирот учествуваа клубови од Македонија и Бугарија со стотици натпреварувачи во младинските категории. Охридскиот клуб настапи со шест преставници и освои еден медал во дисциплината пушка-меѓународна програма. 

Медалот за охриѓани во Бугарија го донесе Анастасија Мојсовска, која заврши на втората позиција со резултат (401.3 кругови). За влакно место на пиедесталот на обезбеди Јована Милевска која финишираше на четвртата позиција со (391.3 кругови). Во истата категорија дебитанката на меѓународната сцена Мартина Кочовска заврши на седмата позиција со 372.2 кругови. Покрај Кочовска во Бугарија прв пат настапија Марија Ангеловска и Ива Маленко кои завршија на деветтата односно десеттата позиција. Во категорија на млади јуниори пак, прв настап и за Бојан Спасеновски кој се пласира на 6-тата позиција со резултат од 344, 7 кругови. 

До крајот на натпреварувачката сезона на охридските стрелци им преостануваат уште два Купа и два многу силни Меѓународни турнири во Смедерево и Белград, но клубот веќе доби покани за учество на турнири во Пловдив, Софија и Стара Загора.

OhridNews