Дефанзивецот Арбен Тафа треба да одбере една од трите понуди кои ги има на маса во зимскиот преоден рок. За услугите на стружанецот заинтересирани се Ренова и два албански клубови.
Ме конткатираа екипи и ги разгледувам понудите. За сега немам ништо одлучено, но сигурен сум дека ќе го одберам најдоброто, – изјави Тафа.
Есенската полусезона ја помина без клуб, после предвремениот раскин на договорот со Беласица. Пред тоа настапуваше за Струга Трим Лум, Хоризонт Турново и кичевски Велазерими.
OhridNews