Охридскиот ракометен состав се соочува со еден куп проблеми пред гостувањето во Битола кај Пелистер во седмата рунда од Супер лигата.
Најголем дел од проблемите се повредите на Крсте Андоновски, Костантин Вешоски и најновите на голманот Кирил Колев и Бојан Белевски.
Андоновски и Вешоски повредени го одиграа мечот со Тинекс Пролет, кој охриѓани го изгубија во драматичен финиш со минимални 25-24.
Чуварот на мрежата Колев на последниот тренинг пред дуелот со „пролетерите“ го пукна малиот прст. Тој и со таква повреда беше меѓу стативите, а така ќе биде и во Битола против Пелистер.
По исцрпувачкиот натпревар со скопските ракометари на болки во мускулот се пожали Бојан Белевски, кој подолго време мака мачи со оваа повреда.
Кога на сево ова ќе се додаде суспензијата од еден натпревар на Валентино Белевски за црвениот картон со Тинекс охриѓани ги очекува (не)возможна мисија во Битола.
Мх.П.