Октомври низ призмата на еден читател:

Есен во октомври. Знајш она стандард клише, жолти лисја, ветар, дожд, град, виножито, искршени дрвја…как да не. Ѓубре, депонија, го запустија и енЅероно, и плажине. Оние со шанкојне бербат напраја. Помини, фрли си. Ни лапнаа парите, та нас од провинција, та на скопјанишчана, се офајдија, и заминаа. И до година пак иста песна. И после чуди се, капи се на плажа, тук излегло некое шишиште, некој џемпер и шал од водана. Ова песнава долга испадна, ни на евровизија не ќе мојт да се пријавит, а не знам ни мжиште шо ќе мојт да ја испејт. Туристине загреота, не может да се изначудет шо сој од луѓе ќе сме. А јакине од животна средина ќе сределе маслоно од колине да не се фрљало, тук пак да се користело. Жими се така рекоја. Отсега не акумулатори, само уље ќе се крадит. Кај кажаа кај не запустија.

Од другава страна пак изложби, претстави, италјански филмови, ко небаре ние оРиѓаниве културно ќе обогатиме. Абре уште 100 изложби да ни напрает не ојме. Не сакаме. Пубо дома ми е да си гледам зет дома зет и бандини. Ах какви причи имат, сигурно сите сме родени од тетки, вујни, стрини. И добра надеж давет, ќе најме некоја богата, ќе ја изпердашиме и готово. А нашиве книги ќе пишеле. Па презентација, па промоција. Од касни порасни натака ништо не признавам. Такво време дојде, само тетратчено 100-200 чекори со мене си го носам, да знам шо ќе се градит, шо ќе се прајт. Да знам на децана да пренесам, да им кажам, еее на времето ко си бев млад, си шетав со едно книгиче, по 200 чекори денот праев.

Третиве пак, ни вака ни така. Се решија да ги чкртет ѕидојве по градов, народов не знајТ дек имаТ избори, па да му кажиме дека им е преку Грујо или Бранко, за секој случај, да не заборает случајно. Ама пропуст напраја. Имат уш многу за чкртање,  минус ќе им се пишит од старт. Еден куп празни ѕидој останаа. Ќе требит наслов да се стајт на вестиве- Осамнаа бели ѕидови во охридско. Пусто ак нацртам графит, ќе ме казнет одма од полиција. Реков да пополнам некој ѕид и јас, ама бегај, нивнине се уметнички дела, јас за моево в зандана ќе завршам. Животиште. А пак од сите, најдоја да го избришет оној неубајон кј библотекана. Па глуп беше, демек алчни биле политичариве и ние сме жртви на нивнава борба за власт. Смешки живи. Да се запалит тој то шо го напишал.

Шлаг на торта – решија дека после сто години ни требит автобуска, знајш до сега само на филмојне во Холивуд гледавме шо е автобуска станица. Абе не дека ни требит, ама ко ќе чекаме на дождон ладно е пустината. Еден алал да им е за идејава. А катна гаража ќе ни прает по теркот на најголемите европски метрополи. Ќути жити се, кај ќе ги паркиравме колине на лето иначе, вака така 200 места добивме. Убо шо поскапе бензинон па не ќе имаме многу коли во земјава, иначе ќе требеше уш многу вакви гаражи да ни напрает. Сега ќе излгасаа за да изградет, а градење здравје, проект Охрид 2030 година.

И така, за крај, најмило од се ми е ко ќе видам мали дечина со мајци со политички пораки. Си викам ја мајката, види какви родители, ги учет децава од мали како требит. Да се знајт како се ваѓат леб. Глупи се странцине. Не знает нит кој им е претседател, нит која партија е на власт. Абе ништо не знает. Глупи се тие. Ние се си знајме од мали. За кој сме, шо сме, кој е лош а кој е добар. Такви ќе си останиме. Пуста Македонштина!

Авторот познат на редакцијата

*OhridNews ги објавува текстовите во рубриката Писма-Колумни во оригинал како што се испратени, без граматички или било какви други корекции и редакцијата не сноси одговорност за содржината на истите.