Таеквондо клубот „ХВАРАНГ ФИСТ“ од Охрид, изминатиов викенд учествуваше на 3-от Меѓународен Божиќен турнир „МАРСОНИА ОПЕН“ во Славонски брод – Р.Хрватска во организација на Интернационалната таеквондо Федерација и Хрватската таеквондо федерација.
Во конкуренција на 176 натпреварувачи од 21 клуб од Англија, Австрија, Босна и Херцеговина, Чешка, Италија, Словенија, Унгарија и домаќинот Хрватска клубот успешно ја претстави Р.Македонија на овој натпревар.
Во категорија на пионери до 25 кг борби, златен медал освои Филип Јосифоски.
Во категорија пионерки-форми (борба со замислен противник) Ана Марија Трајческа го освои сребрениот медал, а Емилија Петреска го освои бронзениот медал во истата категорија.
Во категорија сениори – форми Шемо Ружди го освои златниот медал, а во категорија сениори борби до 80кг истиот натпреварувач го освои бронзениот медал.
-И покрај сите проблем кои ги има нашиот клуб во комуникацијата со Македонскиот таеквондо сојуз, кој со своето седиште и раководство во Скопје не сака да слушне за клубовите од провинцијата и веќе трета година не учествуваме во распределба на средствата од Агенцијата за млади и спорт, ние им докажуваме дека работиме и овие две години со 30 меѓународни медаљи сме најдобриот клуб во Републикава не само во нашата федерација туку и пошироко, изјави Ацо Јосифоски од ТК „Хваринг Фист“. Тој изрази благодарност до локалната самоуправа и градоначалникот на Охрид кои финсниски го помогнаа патувањето на таеквондистите на турнирот во Хрватска.