Паузата во националниот шампионат и регионалната Втора АБА лига кошаркарскиот клуб АВ Охрид ја искористи за мали промени во екипата. Ново име во охридскиот состав е поранешниот младински репрезентативец Стефан Донакоски, додека карта во еден правец доби Австралијанецот Томас Лијам.

Донакоски јатото на „галебите“ го засили од актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Карпош Соколи. 202 високиот кошаркар веднаш и се приклучи на екипата и го одработи првиот тренинг. 20-годишниот кошаркар на тренерот Петар Чочороски ќе го зголеми изборот на позицијата крило и високо крило. 

Високиот кошаркар Лијам Томас не ги исполнi очекувањата и раскинувањето на договорот беше неизбежнo. Под рекетот „галебите“ го имаат Емир Зимиќ кој имаше фантастични воведни натпревари во охридскиот дрес.

Кошаркарите на АВ Охрид мечевите во Вртората АБА лига ги продолжуваат во среда со дуелот против Теодо на домашен терен, а во Првата лига ќе се сретнат со Гостивар во „Билјанини Извори“.

OhridNews