Еден грозд од јапонска сорта грозеј продаден е за рекордни милион јена, или околу 7500 евра, односно 287 евра по зрно, што е прилично скапо дури и за јапонски услови, каде овошјето е луксуз. Гроздот со 26 црвени зрна, продаден е на овогодинешната прва лицитација на грозје во градот Каназави, со што падна минатогодишниот рекорд од 550 илјади јена. Секое од зрната е со големина на топче за пинг понг и тежи повеќе од 20 грама.

 

Победникот на аукцијата, Масауки Хирани, главен готвач во хотелот „Нико Каназава“, рекол дека му било наредено по секоја цена да го купи овошјето, како би се свртело вниманието кон тој регион и кон хотелот. Оваа година две дињи од сортата Јубари од островот Хокаидо, кои се сметаат за симбол за висока положба во општеството, продадени се за повеќе од 10 илјади евра, а една стоковна куќа платила 5000 евра за два беспрекорни плодови од манго. Јапонците често подаруваат деликатни примероци од овошје и специјализираните продавници за овошје цветаат. Таму мали лубеници со коцкест или во облик на срце се продаваат по цена од 15 евра.