Фудбалерите на Охрид забележаа значајна победа во борбата за опстанок во Втората лига. Тие денеска како домаќини во Припеп поради казната од ФФМ, ја совладаа екипата на Алумина од Скопје минимално со 1:0.

Натпреварот помина во доминација на сините. Поголемиот дел од мечот топката беше пред гостинскиот гол, но лесно можеше да се случи гостите кои беа дојдени по бод, да ја исполнат својат цел. По серијата промашувања, голот вреден три бода го постигна Маркоски на истекот на регуларните 90 мин.

По оваа победа “сините“ се се` подалеку од опасната зона и со 23 бода се искачија  на 11- то место.

Со денешниот натпревар во Прилеп охриѓани ја одработија суспензијата од два натпревари и од следното коло како домаќини ќе играат на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

На останатите натпревари

Турново  Нов Милениум 0-0
Влазрими Брегалница 2-2
Дрита  Маџари С 4-0
Караорман Тетекс 1-0
Миравци Беласица  0-2
Металург Слога Ј 0-0
Локомотива Скопје  0-1

ohridnews