Освојувачот на Купот во 2001 Пелистер под Тумбе Кафе со минимални (1-0) го совлада бранителот на трофејот Работнички во 1/2 финалето од Купот на Македонија. Стрелецот на единствениот погодок за “чкембарите“ во првото полувреме е Велјаноски. Во второто 1/2 финале Тетекс не ја искористи предноста на домашен терен ремизирајќи со второлигашот Скопје 0-0.
Реванш натпреварите од 1/2 финалето од Купот на Македонија се играат на 5 мај.