Стрелецот на победничкиот погодок за Охрид во дуелот со Тетекс, Ајрадин Цуцули е дел од идеалниот тим во двете Втори лиги, во изборот на специјализираната страна за фудбал „Макфудбал.мк“.
Цуцули покрај голот за победа, заедно со Љупче Трпески и потесната одбрана командуваа на теренот и успеаја на уште еден натпревар да ја зачуваат „празна“ сопствената мрежа.
„Рибарите“ во средбата со Тетекс го забележаа третиот триумф и со 12 бодови котираат на средината од табелата. Во следната 10-та рунда, охридските „сино-бели“ силите ќе ги одмерат со лидерот на табелата, Гостивар.
OhridNews