Менаџарот на Тотенхем Жозе Мурињо важи за контроверзна личност во фудбалски кулоари, но ужива голема доверба како добар човек и прекрасна личност надвор од светот на фудбалот. Мурињо на брилијантен начин го најави дуелот помеѓу Шкендија и Тотенхем во квалификациите за пласман во Лигата на Европа, исполнувајќи му желба на новинар од Македонија, дадена на официјалната пресконференција.
Top class for Jose ? pic.twitter.com/4Qo23P6jpf
— Tottenham News (@Spurs_fl) September 23, 2020
Новинарот Игор Александровиќ од Мурињо побара средба и една заедничка фотографија во чест на неговиот татко кој починал неодамна, а бил голем обожавател на португалскиот стручњак. Мурињо и Александровиќ се сретнаа во хотелот „Хилтон“ и средбата ја овековечија со фотографија. Таа ќе биде поставена на гробот од таткото на Игор.
Игор му подари книга со историјата на Македонија наменета за Александар Македонски, а исто така доби и македонско знаме и тоа она старото, со сонцето од Кутлеш. Натпреварот помеѓу Шкендија – Тотенхем се игра денеска со почеток во 20 часот.
OhridNews