Пилотот на Ред Бул, Себастијан Фетел победи на трката за ГН на Јапонија, која се возеше на патеката во Сузука. Фетел до осмата победа во кариерата, трета годинава тргна од пол позицијата и во текот на целиот тек ја предводеше колоната.


За еден два победа на Ред Бул се погрижи Марк Вебер, додека место на подиумот обезбеди и возачот на Ферари, Фернандо Алонсо.

Бодови на патеката во Сузука уште освоија: Батон (Мекларен), Хамилтон (Мекларен), Шумахер (Мерцедес), Кобајаши (Заубер), Хајдфилд (Заубер), Барикело (Вилијамс) и Буеми (Торо Росо).

Во генералниот пласман, лидерското место со 220 бодови го има Марк Вебер, Фетел и Алонсо освоија по 206 бодови.

Во конкуренција на конструктори води Ред Бул со 426 бода, Мекларен има 381, а Ферари има 334 бодови. Следната трка во шампионатот на Формула 1 ќе се вози за две недели во Јужна Кореја.

Ohridnews