Патеката долга 33 км од караулата кај Св. Наум до Охрид прв ја претрча Норберт Персели – (Деберецин Мартон )Унгарија со време 1.48.44. ч. Втор на целта пристигна неговиот сонародник Иштван Балох со време 1.50.15. ч
Ѓорѓи Трендафилов заврши како третопласиран и најдобар од македонските учесници. Времето на Трендафилов изнесуваше 1.52.27.
Кај жените најбрза беше Марина Лучиќ од Апатин, Србија. Победничкото време беше 2.09.23. Второпласирана трката ја заврши Јелена Марковиќ со време 2.10.17 додека трето пласирана заврши Ева Варга од Унгарија со време 2.18.48.
Годинава на маратонот во Охрид учествуваа 91 маратонец, 78 во машка и 13 во женска конкуренција од Македонија, Србија, Албанија и Црна Гора, Хрватска и Унгарија.
Во склоп на маратонот се одржа и првиот регионален војнички атлетски маратон. На маратонот победи Горан Чегар од Србија. Маратонот го истрча Благоја Димоски од Секторот за внатрешни работи – Охрид со што и полицијата се приклучи во спортското одбележување на 8 Септември.