Дербито меѓу Новаци и Велешта ќе ја одбележи 17-та рунда од Третата македонска фудбалска во југо-западниот регион.


Новаци со сите сили ќе атакува на победа за намалување на разликата од четири бодови на табелата додека лидерот Велешта ако успее да остане непоразен сигурно ќе зачекори кон баражот за влез во Втората лига.

Двојки: Новаци – Велешта, Кравари – Влазними, Лисолај – Преспа, Кораб – Фљамуртари, Лабуништа – Поешево, Лирија – Караорман.

Табела: Велешта 36, Новаци 32, Лисолај 31, Лабуништа 29 , Фљамуртари 27, Кравари 23, Преспа 22, Влазними 19, Кораб 19, Караорман 18, Лирија 13, Поешево 5.

OhridNews