Холандската фудбалска легенда Руд ван Нистерлој доби неверојатен и необичен дрес кој е микс од сите клубови во кој напаѓачот настапуваше во текот на кариерата. Ваквите поклони се новитет во фудбалот, а модата почна во Холандија.

Богатата клупска кариера „машината за голови“ како што го нарекуваа англичаните Ван Нистерлој ја почна во Ден Бош, а ја продолжи Херенвен и ПСВ Ајндховен. Од Холандија се пресели во Англија носејќи го дресот на Манчестер Јунајтед. Следна дестација му беше Шпанија односно Реал Мадрид. Една сезона мина во германски Хамбургер, а кариерата ја заврши во Малага.

 

Во текот на клупскиот фудбал Ван Нистерлој настапи 592 пати, а постигна 349 погодоци што го прави еден од подобрите голгетери во новата ера. Холанѓанецот освои пет титули од националните шампионати, а успеа да биде најдобар стрелец во англиската и шпанската лига.

OhridNews